Новости
Младите како жртви и поттикнувачи на говорот на омраза на интернет
Непромисленоста на младите во нивниот обид за копија на светот на возрасните со сите свои негативности и позитивности може да биде многу голема. Во ова модерно доба, непромисленоста често не може само да остане како негативен спомен, туку останува да живее на Интернет, и сите оние големи вечни проблеми кои порано биле далеку од очите, како матретирањето помеѓу младите, се сега видливи.
Неодамна Безомразно го истражуваше феноменот на сајбер-малтретирањето каде разговаравме со корисници на социјалните мрежи, експерти и жртви на истото. Се извлекоа заклучоци дека однесувањето на Интернет е слика на навиките и вредностите во општеството и дека овој проблем може да се реши само со континуирана едукација и заложба на сите свесни за проблемот.
На страницата на Безомразно на Facebook ни стигна пријава за страница која шири говор на омраза на интернет – и е наменета кон млада девојка, нарекувајќи ја со термин кој претставува говор на омраза, односно „курва“.
На страницата им коментари кои го повикуваат девојчето да се убие, ја нарекуваат грда и „мутава“. Странивата има дури 129 поддржувачи, кои иако не можеме да ги видиме, Facebook ни дава информација дека тоа се лица од старосната група 18-24. Со оглед на тоа дека страницата е креирана пред неколку години, во тоа време поддржувачите биле помлади, односно средношколци. Девојката е малтретирана своите соученици или луѓето од нејзината непосредна околина.
Иако можеби изгледаат бенигни ваквите напади и можеме да ги препишеме на несензибилизираноста на младите за сериозноста на овие проблеми, сепак сајбер-малтертирањето може да остави сериозни психички последици на жртвата од претрпениот стрес, а познати се светски случаи каде ова завршило и со самоубиство.
Потребен е ангажман од секоја активна единка на Интернет за да ставиме стоп на говорот на омраза. Ако мислите дека оваа страница не треба да е на Интернет, пријавете ја и вие овде. Еве ги чекорите како: