Новости

Говорот на омраза раѓа насилство

Говорот на омраза е широко распространет во македонските медиуми и на социјалните мрежи и се користи најмногу за пресметка со политичките противници. Секојдневието полно со омраза го поплочува патот кон насилството.

„Гнасна Шиптарка. Мрш од каде што си дошла, терористу еден, ова е христијанска земја“. Ова се зборовите кои студентката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сумеја Адеми (19) ги слушнала за себе пред месец и половина на сред плоштадот во Скопје. Таа се шетала со својата пријателка, како што вели Македонка-христијанка, кога одеднаш тројца млади средношколци, едно девојче и две момчиња освен што вербално ја нападнале, се обиделе и физички да и ја тргнат шамијата која ја носела на главата.

„Настана мешаница и девојчето тргна кон мене да ми ја тргне шамијата, но за среќа мојата другарка ја забележa и ја спречи да направи што било. На крај ние се повлековме, а тие останаа позади нас да извикуваат:  „Марш од каде што си дошла, терористу еден, ова е христијанска земја”. Секако тукa беа присутни многу луѓе, но никој од нив  не се обиде да се вмеша и да ги спречи младите да престанат да не навредуваат“, вели Сумеја за Дојче веле.

Раскажува дека нападот направил да се чувствува страшно и како странец во својата земја. „Нема никогаш да дозволам тоа моментално чувство да влијае врз моите односи со моите другари и другарки кои и да се и што и да се. Ние сме посилни од било каков вид на верски или национален радикализам. Ние сме граѓанската опција. Ние сме иднината на оваа земја. Тоа на сите нека им биде јасно“, порачува Сумеја.

38454315_404

Таа е убедена дека е жртва на влијанието на телевизиите и онлајн медиумите кои до крајност ја вжештија атмосферата во Македонија.

Целиот текст е достапен на веб-старницата на „Дојче веле“ на македонски јазик.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.