Новости

Ѕвездата на „Барселона“ со вистински одговор на расистичките навреди

Расистичките испади на спортските натпревари веќе подолго време претставуваат сериозен проблем за љубителите на спортот и за меѓународните спортски организации. Навредите врз основа на расна припадност најчесто доаѓаат од трибините, но, има и случаи кога противнички играчи се одговорни за таквите инциденти.

Последниот пример на расистички испад се случи неодамна на фудбалскиот натпревар меѓу шпанските клубови Виљареал и Барселона. Во моментот кога фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш се подготвуваше да изведе корнер, еден од домашните навивачи фрли банана по него. На оваа провокација, ѕвездата на Барселона одговори со невообичаен потег. Тој ја зеде бананата, ја излупи, ја изеде и потоа го изведе корнерот.

“Веќе подолго време во Шпанија се соочуваме со вакви ситувации, но најдобро е  провокациите да ги прифатиме со даза на хумор“, изјави Алвеш по завршување на натпреварот.

Реакцијата на Алвеш предизвика воодушевување кај спортската јавност насекаде во светот. Голем број фудбалски клубови, фудбалери и спортски работници му оддадоа признание и поддршка на фудбалерот на Барселона, за начинот на кој им се спротивстави на расистичките навреди од трибините.

Фудбалските ѕвезди од целиот свет се солидаризираа со својот колега и преку социјалните мрежи ја покренаа кампањата „И ние сме мајмуни“. Тие објавија пораки за поддршка и фотографии на кои се гледа како јадат банани.

Европската куќа на фудбалот – УЕфА го осуди расистичкиот испад и му честита на фудбалерот на Барселона за неговата реакција на провокациите од несовесниот навивач. Оваа организација веќе години наназад во партнерство со мрежата „Фудбалот против расизмот во Европа“ (FARE) спроведува кампања за сузбивање на сите облици на расизам, дискриминација и нетолеранција на фудбалските терени.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.