Новости
Водич за пријавување на говор на омраза на „Twitter“

Автор: Борис Кузманов, it.com.mk
Како и сите страници на кои може да се дискутира и во неа директно се вклучени сите корисници, без никакви ограничувања, мора да постојат некои правила. Така, „Twitter“ има една листа на правила и услови за користење на својот сервис.
Пријавување на корисник
Корисниците можете да ги пријавите како спамери, а на Twitter под спам се подразбираат сите овие работи:
- Објавување на штетни линкови (линкови кои водат до фишинг или малициозни сајтови);
- Агресивно следење/отследување (корисник кој активно прави follow / un-follow);
- Користење на функцијата за одговор (@корисник) за испраќање на несакани пораки до корисниците;
- Објавување на дупли твитови и слично.
Доколку имате ваков твитерџија во својата листа, слободно можете да го пријавите на надлежните. За да го сторите тоа, отидете на профилот на корисникот и на иконката со „човекот“ кликнете на „Report @корисник for spam“.
Целиот текст можете да го прочитате на веб-страницата IT.com.mk