Новости
Во Белград заедничко гледање на натпреварите на БИХ и Хрватска
За време на претстојното Светско фудбалско првенство, под слоганот „Навивај за комшиите!“, Младинската иницијатива за човекови права (YIHR) во Белград организира заедничко гледање на натпреварите на репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина.
Во изминатите децении поимот навивач се претвори во синоним за хулиганство и насилство, а на трибините не се навива за, туку против некого. Токму затоа, иницијаторите на заедничкото гледање на соседските репрезентации имаат цел да поттикнат и промовираат здраво навивање, спортски дух и добрососедски односи.
Светското првенство започнува утре, а на воведниот натпревар Хрватска ќе ги одмери силите со домаќинот и петкратен шампион Бразил.