Новости

Тинејџерски безомразен рап го импресионираше целиот свет

На последната аудиција од шоуто „Британија има талент“, музичкото дуо „Bars & Melody“ изведоа перформанс кој ја занеме публиката и жирито. Тинејџерите Чарли, кој има 15 години и Лондри – 13, направија комбинација од рапување и пеење, и испратија порака да запре насилство, нешто кое го искусиле на сопствена кожа.

„Почнав да рапувам бидејќи основното училиште за мене беше тежок период, таму бев малтретриран,“ вели Лондри. Тој додава дека текстовите ги пишувал во периодите кога му било најтешко, а сета болка што ја чувствувал ја преточил на хартија.

Чарли пак сведочи дека музиката направила неговиот другар да стане посилна личност. Импресивниот настап и моќниот текст кој ја крена на нозе цела публика, на овие талентирани и безомразни момчиња им обезбеди директен влез во финалето на шоуто.

 

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.