Новости

Суптилен неонацистички говор на омраза на Интернет

Социјалните мрежи во изминатиот период станаа омилен пат преку кој екстремните десничари повикуваат на насилство и говор на омраза. Тие најчесто користат прикриени пораки а младите ненамерно стануваат нивни помагачи.

Видео од Јутјуб објавено на Фејсбук страницата на еден млад човек на прв поглед изгледа дека во позадина не крие ништо невообичаено. Тоа е така, бидејќи

видеото е насловено како холивудскиот филм „Пиратите од Карибите 5“. Но сепак, позади најавата за филмот се крие нешто сосема друго – говор на омраза наместо холивудска приказна. Неонацистичката група „Бесмртници“ на таков начин ги шири своите подбуцнувачки пораки, а Интернет корисниците предоцна ја откриваат нивната позадина.

Напредува неонацистичкиот герила маркетинг

Тоа е само еден од многуте примери како екстремните десничари преку герила маркетинг на социјалните мрежи ги мамат младите корисници на Интернет, објаснува Томас Кругер, претседател на германската Сојузната централа за политичко образование (BpB). „На тој начин и поединците кои не се симпатизери на неонацистичките погледи, стануваат ненамерни „дистрибутери“ на такви пораки“, изјавил Кругер за време на преставувањето на годишниот извештај „Десен екстремизам на Интернет“.

dw-photo2

Таквите ненамерни „дистрибутери“ ги има сè повеќе, се вели во извештајот што го објавија Сојузната централа за политичко образование и организацијата „jugendschutz.net“. Социјалните медиуми како што се Фејсбук, Твитер и Јутјуб заради можноста за размена и споделување на информации станаа најзначајно пропагандно средство за екстремните десничари, смета Стефан Гласер од Интернет службата за содржини кои ги загрозуваат младите луѓе. Тој за „jugendschutz.net“ анализира каде и на каков начин неонацистите шират говор на омраза и видео снимки со насилни содржини. „Повеќе од 70% од 5500 прегледи кои ги направивме минатата година се однесуваат на Фејсбук, Јутјуб, Твирер и други слични социјални мрежи“, прецизира Гласер.

Според него, неонацистите се почесто екстремистичките пораки ги прикриваат со трендовите во поп-култрата, преку претставување со шарени бои и користење на познати позитивни ликови. Така на пример, за ширење на десничарските пароли се користи ликот „Cookie Monster“ од детската серија „Улица Сезам“. Додека ликот на Мики Маус со мртовечка глава стана култна фигура на неонацистите, како резултат на масовното споделување и „лајкување“ на социјалните мрежи.

Покрај трендотdw-photo3 на маскирање на Интернет пораките од страна на неонацистите, „jugendschutz.net“ забележува драстично зголемување на бројот на видео снимки во кои се величат насилството и подбуцнувањето. „Подбуцнувачки говор против муслиманите, Евреите, Синтите, Ромите и хомосексуалците сè почесто се манифестира отворено без прикривање“, вели Стефан Гласер.

Онлајн протестирање

Според податоците на „jugendschutz.net“ големиот број на прикриени и отворени пораки на екстремните десничари доведоа до пораст на казнети онлајн содржини. Интернет контролорите во текот на минатата година во Германија регистрирале повеќе од 1800 случаи на онлајн содржини опасни за младите луѓе.

dw-photo4Германското министерство за семејство издвојува значајни средства за развој на демократски центри и проекти за борба против десниот екстремизам. Министерката за семејство Мануела Швесиг и шефот на Сојузната централа за политичко образование јасно порачаа дека превенцијата од десничарското насилство на Интернет ги засега сите граѓани.„Кога ќе помислам дека демонстрациите на улица станаа културно добро, веќе одамна е дојдено време за побуната да се покаже и во дигиталниот свет“, вели Томас Кругер, кој истовремено порачува дека моментално „онлајн протестите“ се недоволни во справувањето со десниот екстремизам.

Преведен текст од Интернет изданието на „Дојче Веле“ на хрватски јазик

 

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.