Новости
Српските и албанските фудбалери на римски Лацио со фото-порака против омразата и насилството
![](https://bezomrazno.mk/wp-content/uploads/2014/10/sslazio-620x412.jpg)
Фудбалерите од српската и албанската репрезентација кои играат во италијанскиот клуб Лацио со заедничка фотографија испратија јасна порака дека во спортот нема место за политика, национализам и омраза.
На фотографијата, од лево на десно се фудбалерите Лорик Цана, Филип Ѓорѓевиќ, Етрит Бериша, Душан Баста и Томас Стракоша.