Новости

Брошура: Слобода на изразување и говор на омраза

Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ подготви брошура на тема „Слобода на изразување и говор на омраза“.

Идејата на брошурата е да се направи поимно и правно разграничување помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза како и да се направи разликa со други блиски концепти како што на пример клеветата и навредата. Целта е да се преземат едукативни дејствија против ваквите состојби. Наводите во брошурата се во контекст на практиката на Европскиот суд за човекови права и домашното (национално) законодавство. Појаснувањата се во насока да придонесат за препознавање, изолација и осуда на антонимите на слободното изразување.

Брошурата е подготвена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и е наменета за новинари, студенти по новинарство, медиуми и уредници, како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.

Брошурата можете да ја преземете на македонски, албански или англиски јазик на следните линкови:

Слобода на изразување и говор на омраза

Liria e shprehjes dhe gjuha e urrejtjes

Freedom of expression and hate speech

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.