Новости

Струмица: Работилница за справување со говорот на омраза во јавната комуникација

Како се создава говорот на омраза, правна рамка и саморегулација за говорот на омраза во јавноста, како медиумите го трансферираат и засилуваат говорот на омраза. Ова беа главните теми на еднодневната работилница за справување со говорот на омраза, што се одржа неделава во Стумица.

Работилницата ја организираше здружението „Новус“, а за содржинскиот дел се погрижија обучувачи од тимот на „Безомразно.мк“. На настанот учествуваа дваесеттина млади струмичани, кои преку дискусии и практична работа во групи идентификуваа говор на омраза во јавната комуникација и вежбаа како да реагираат на таквиот говор – институционално и јавно.

strumica.obuka1

„Целта е да се покаже како и на кој начин младите можат да го препознаат говорот на омраза, да реагираат институционално, да ги информираат граѓаните и да создадат акции за оваа тема да стане видлива и разбирлива за граѓаните и сите здружено да дејствуваме говорот на омраза да биде што помалку застапен во јавноста“, изјави Петрит Сарачини, еден од тренерите на работилницата и уредник на „Безомразно.мк“.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.