Видео
Процесот на Жан Мари Ле Пен
Писателот Матју Линдон во својот роман го нарече Жан Мари Ле Пен „вампир кој се храни од крвта на своите гласачи“, а неговата партија Национален фронт ја спореди со мафијашка организација. Судот во Париз, писателот и издавачот на книгата ги обврза да му платат на Ле Пен 5000 евра надомест на штета. Пресудата на францускиот суд ја потврди и Судот за човекови права во Стразбур. Во докуметарецот „Процесот на Жан Мари Ле Пен“ ги пренесуваме сведоштвата од овој судски предмет.