Новости

„Обележувачи“ – прирачник за борба против говорот на омраза на Интернет преку едукација за човекови права

Советот на Европа во рамки на „Движењето против говорот на омраза“ објави прирачник посветен на справувањето со говорот на омраза на Интернет преку едукација за човековите права.

Обележувачи“ претставува корисна алатка за сите едукатори кои ги третираат прашањата поврзани со говорот на омразата на Интернет од перспектива на човековите права. Прирачникот е дизајниран за работа со млади луѓе на возраст од 13 до 18 години, во, или вон образовниот систем.

Прирачникот се заснова на цврстото уверување дека Интернет просторот е јавен простор, а со тоа сите принципи на демократското општество може и треба да се применуваат на Интернет. Оттука, улогата на младите луѓе онлајн е од исклучително значење во борбата против говорот на омраза.

Обележувачи“ нуди бројни содржини преку кои ги истражува начините на интеракција на Интернет, и како младите можат да преземаат акција и да водат онлајн кампањи за подобар и побезбеден Интернет простор.

Прирачникот на Македонски јазик е достапен на следниот линк:
„Обележувачи“ – Борба против говорот на омраза на Интернет преку едукација за човекови права

 

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.