Безомразна Герила
„Пресвртница” од омраза кон љубов во Тетово
Група волонтери од Центарот за балканска соработка “ЛОЈА” од Тетово, во близина на градскиот плоштад, го одиграа перформансот „Пресвртница“, со цел да ја подигнат свеста на граѓаните за ефектите од говорот на омраза, но, и да ги поттикнат да размислуваат за позитивните страни од заедничкото живеење. Погледнете како изгледаше целиот перформанс.