Центарот за Интеркултурен Дијалог (ЦИД) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го објави повикот за учесници за 5-та Школа против говор на омраза. Центарот за Интеркултурен Дијалог 5та година по ред огранизира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза.
Обуката се организира во три дела:
● Првиот дел се реализира во период од 10-ти ноември до 29-ти ноември кој претставува онлајн запознавање на учесниците преку интерактивни активности и истражување на темата во своите локални средини (средини во кои живеат/дејствуваат).
● Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 30ти ноември – 4ти декември 2016 во Берово. На обуката ќе се презентираат истажувањата на учесниците, ќе се одржат работници, предавања за што претставува говор на омраза, како се манифестира, кои се последиците, вклучувајќи го и криминалот од омраза и како да се справуваме со него и ќе се работи на планови за третата фаза.
● Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. Овие активности ќе се вклучат во годишниот план на активности на Националната кампања против говор на омраза.
Профил на учесници:
- Да се над 18 години
- Да се во можност да учествуваат во текот на целата обука, и по обуката активно да се вклучат во спроведување на активности
- Да се студенти, младински работници и/или едукатори, активисти, претставници на младински организации
- Да имаат основни познавања за организирање на настан и за човекови права
- По завршување на обуката да се во можност за реализација на кратка активност во околината во која дејствуваат Обуката се реализира од страна на обучувачи и експерти.
Датуми: 30.11 – 04.12.2016, Берово
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани можат да го симнат повикот и да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој линк:
Пријавете се
Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 30-ти oктомври 2016 година.
За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: +389 78 719 117 или по емаил matej@cid.mk и/или florim@cid.mk . На учесниците ќе им биде доделен сертификат по завршување на обуката.