Безомразна Герила
Новогодишно безомразно пакетче
За новогодишните и божиќните празници, обично ги разубавуваме и китиме просторите во кои престојуваме. Знаејќи дека социјалните мрежи станаа нашите виртуелни дневни соби и места за дружење, безомразната герила реши да го сподели ова новогодишно украсно пакетче со вас.
За празниците, закитете го вашиот виртуелен простор со љубов и испратете порака против омразата! Оставаме на вас како ќе го направите ова: со поставување на некој од овие украси како кавер фотографија на вашиот профил, како фото на профилот, или само со споделување на овие украси со вашите пријатели.
За само минутка-две, ќе го разубавите вашиот профил, и ќе направите нешто убаво за сите нас. Со малку напор, да споделиме многу љубов. Среќни празници 🙂