Новости
Nemrazi.mk – нов сајт против говорот на омраза на интернет
Македонија доби уште еден веб-сајт, nemrazi.mk , кој ќе обработува теми поврзани со говорот на омраза на Интернет. Страницата ќе служи како извор на содржини, кои овозможуваат едукација и подигање на свеста за говорот на омраза и неговите последици, за посочување на говорот на омраза и за промовирање на напорите и активностите за борба против говорот на омраза, како на веб така и преку социјалните медиуми.
„Како главно средство за надминување на кој било општествен проблем, па и говорот на омраза, го користиме ширењето знаења меѓу граѓаните и развивањето односи на соработка (вмрежување) меѓу сите заинтересирани страни. Во тек ни е серија обуки за активисти, кои потоа ќе ги шират знаењата и пораките против оваа злоупотреба на слободата на говор во своите локални средини и преку Интернет, како и истражувачки и напори за застапување.“ истакна Филип Стојановски од Фондацијата Метамофозис, организација која е носител на проектот во чии рамки се развива овој сајт.
Nemrazi.mk e дел од иницијативата против говор на омраза покрената од четири НВО: Младински образовен форум, Метаморфозис, Реактор и Центар за нови медиуми.