Новости

Младите тетовчани против навредливите графити и говорот на омраза

Бројните графити со навредливи содржини претставуваат вистински предизвик за соживотот во Тетово. Исполнети со говор на омраза, најчесто на етничка основа, тие ја искривуваат вистинската смисла на графитите, како уметност и култура на живеење преку која младите на креативен начин ги изразуваат своите ставови и пораки.

Неодамна учениците од тетовската Гимназија се вклучија во акцијата за отстранување на навредливите графити од јавните објекти и урбаната опрема во градот.  Од различна возраст и етничка припадност, средношколците од овој град им порачаа на своите сограѓани, но и на целата јавност дека младите треба да се спротивстават на сите форми и содржини кои поттикнуваат меѓуетничка нетрпеливост и поделеност.

Акцијата е дел од проектот што го спроведуваат Одделот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово и локалната самоуправа, со поддршка на ОБСЕ. Учесниците во проектот ја искажаа својата поддршка и им порачаа на младите својата креативна енергија и уметнички пориви, како и своите лични и групни ставови кон одредени општествени теми и процеси да ги искажуваат на поинаков начин и со други форми и содржини.


Видео прилог на ТВ Менада од Тетово

Додека некои графитите ги сметаат за вандализам, други на тоа гледаат како на уметност. Графитите може да поттикнуваат на омраза, но и на љубов. Токму тоа го прикажува фото-приказната за скопските графити, објавена пред неколку месеци од безомразната герила.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.