Новости

Balkan Handball: Колумна на победникот – Наумче Партизанче

Жика Богдановиќ, уредник и основач на веб-сајтот „Balkan Handball“, во колумната со наслов “Колумна на победникот: Наумче Партизанче“, се осврнува на случувањата на ракометно дерби во Лигата на шампиони, помеѓу Вардар и Металург. За време на натпреварот, навивачите на Вардар истакнаа транспарент со навредлива содржина кон играчот на Металург и македонски репрезентативец, Наумче Мојсовска, затоа што бил дел од навивачката група „гробари“, на кошаркарскиот натпревар помеѓу Партизан и Фенербахче во Белград.

Во продолжение ви пренесуваме извадоци од колумната, која во целост можете да ја прочитате на „Balkan Handball“:

Автор: Жика Богдановиќ

Неделниот натпревар помеѓу Вардар и Металург имаше специјална увертира, „откривање“ на навивачката припадност на една од најголемите македонски ракометни ѕвезди, Наумче Мојсоски. Откривањето на неговиот „гробарски идентитет“, одеднаш, силно го потресе црвено-црниот дел на Македонија и предизвика лавина различни коментари, со цел да го дестабилизираат стружанецот пред дерби натпреварот од ракометната Лига на шампиони.

На Интернет се појави видео, на кое може да се види како Мојсовски заедно со своите пријатели во белградската сала „Пионир“, ги бодри кошаркарите на Партизан против турскиот Фенербахче. Иако мечот се одигра пред 20 дена, некој „добро“ го темпирал моментот за да направи приказна од сето тоа, токму пред ракометното дерби во Скопје. Целата приказна, која предизвика лавина навреди на сметка на средниот бек на Металург, не беше од никаква корист за противничкиот тим на Вардар. Сепак, инаетот кај луѓето од овие простори има многу чудна моќ. Па така на дерби натпреварот, пред скоро 7000 навивачи, Мојсовски постигна 8 гола, онолку колку што на крајот изнесуваше и разликата во крајниот резултат.

Да се нарече „дебил“, играчот кој 10 години го носи државниот дрес, за време на најголемото дерби во историјата на македонскиот ракомет, не може да се оправда со ниту една патриотска или каква било друга флоскула….

mojsovski

Што се однесува до навивањето и клубовите, Наумче е роден во време на СФРЈ, кога многу малку беше битно дали клубот за кој што навивате мора да потекнува од вашата република. Можете да ја смените сопругата, автомобилот, мобилниот телефон, но клубот не се менува. Кога еднаш ќе се заљубите тоа трае за секогаш. Причините за заљубување засекогаш се ирационални. Не можете да ги објасните, не можете да се излечите од тоа. Како што би рекле навивачите од црно-белиот југ „љубовта спрема клубот не може да престане“. Затоа и денес имате луѓе во Македонија кои навиваат за Партизан, Хрвати кои навиваат за Ѕвезда, или луѓе од централна Србија на кои омилен клуб им е сплитски Хајдук, па и авторот на овој блог не пропушта натпревар на МЗТ, секогаш кога престојува во Скопје. Секој кој го сака својот клуб, мора да ги почитува другите кои го чувствуваат истото спрема некоја друга боја и дрес.

Се чини дека Наумче Мојсовски во неделата прослави две победи, една за Металург и друга за Партизан. Доколку еден ден се одлучи да ја заврши кариерата во Белград, неговиот омилен тим треба да го пречека со раширена прегратка. Не поради хроничната финансиска криза на црно-белите, туку поради белегот кој што некои други му го втиснаа, и кој ќе го носи до крајот на кариерата…

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.