Безомразна Герила
„Хајд парк“ – прво видео од серијата перформанси против говорот на омраза
На градскиот плоштад во Прилеп, ученици и наставници од средното училиште „Орде Чопела“, го организираа јавниот перформанс „Хајд парк“.
„Хајд парк“ е првиот од серијата групни јавни перформанси што се организираа во изминатите неколку недели ширум цела Македонија, како дел од конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”.
Креативноста и оригиналноста на перформансот на прилепскиот плоштад, причина за забава и насмевки кај младите, како и за љубопитност кај граѓаните, кои застануваа да видат и да прашаат што се случува. Погледнете зошто.