Новости

Говорот на омраза раѓа насилства

Автор: Пелагија Младеновска

Ние во многу наврати, во нашите извештаи сме потсетувале дека говорот на омраза може да генерира злосторства сторени од омраза, и тоа се случува, особено што зад говорот на омраза многу често, а тоа најчесто е кога станува збор на ЛГБТ заедницата, стојат и службени лица од одредени министерства, вели извршната директорка на Хелсиншки комитет Уранија Пировска.

Растечката појава на говор на омраза почнува да генерира и злосторства сторени од омраза, констатираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие пред два

месеци започнаа со проект со кој ќе се обидат да дадат реална слика како Македонија се справува со случаите на злосторства мотивирани од омраза.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека институциите најчесто не ги препознаваат овие злосторства и ги водат како други видови на кривични дела. Воислав Стојановски, правен советник во Хелсиншки комитет за човекови права, вели дека приказната започнува со полицијата која дури и да ги открие сторителите против нив поднесува кривична пријава за сторено насилство, што не е исто со злосторство од омраза кое е потешко дело. А потоа приказната продолжува и низ судовите.

Целиот текст можете да го прочитате на веб-страницата на Радио Слободна Европа

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.