Новости

НоваТВ: Говорот на омраза најмногу вирее во предизборието

Најголема фреквенција на говорот на омраза е забележан за време на предизборните периоди по основ на политичкатa, но и етничката припадност, покажа анализата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во анализата се вели дека најголем број на пријави на говор на омраза се по основ на етничка, расна и верска припадност, по основ на јазик и на националност.Не се исклучени ниту говорите на омраза според пол, род, сексуална ориентација и родов идентитет.

Врз основа на оваа анализа, Хелсиншкиот Комитет денеска го промовираше проектот за борба против говорот на омраза и како што оттаму велат запрепастувачко е тоа што токму ваквиот говор води директно кон дела од омраза.

-Постои ниска свест кај граѓаните што претставува говор на омраза. За таа цел ние преземаме низа активности за да ја покренеме свесноста кај граѓаните, јавното обвинителство има слаб одзив кон говорот на омраза, законското дефинирање е доста слабо и нема никакви последици. Проектот опфаќа повеќе активности кој содржи лобирање за превенција од говор на омраза, како и зголемување на свеста кај граѓаните и институциите, изјави координаторката на проектот Елена Брмбеска.

Заклучоците од анализата Хелсиншкиот Комитет ќе ги сподели со сите надлежни институции со цел да се зајакне судската пракса за гонење на говорот на омраза.

Дополнително од Комитетот велат дека се спроведува и платформа против говор на омраза, во која голем број невладини организации заеднички и координираноќе се борат за превенција и спречување на говорот на омраза, како бесплатна правна помош на жртвите од говор на омраза, јавно осудување на говорот на омраза, едукација и за стручни анализи, како и за организирање на јавни настани и дебати.

На денешната презентација на проектот на улица Македонија беше истакнат и ѕид на срамот, со фотографии и коментари на јавни личности кои редовно промовираат и шират говор на омраза. Според анализата, медиумските лица најчесто шират говор на омраза според политичка припадност или сексуална ориентација.

Целиот текст и видеото од настанот може да ги погледнете на веб-страницата на Нова ТВ.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.