Новости

Говорот на омраза го замени новинарскиот речник

Текстот е објавен на он-лајн магазинот „ИНБОКС 7
Автор: Жаклина Хаџи-Зафирова

Во македонскиот медиумски простор буквално секојдневно фрчат обвинувања, се повикува на линч, или пак, јавно се посочува наводниот криминал во новинарските редови

Во длабоко поларизирана атмосфера, медиумите годинава ги дочекаа разочарувачките оценки на американската организација „Фридом Хаус“ кои ја рангираа Македонија најдолу на листата според слободата на медиумите, споредено со земјите од регионот. Лошите оценки само се надоврзаа на претходните извештаи за слободата на медиумите во Македонија, која со најновиот извештај е дефинирана како делуно слободна земја. Но, за разлика од лани, состојбата е влошена. Ова, сепак и не е изненадување за македонскиот медиумски простор, каде буквално секојдневно фрчат обвинувања дека едни се опозициски, а други провладини медиуми, каде се повикува на линч, или пак, јавно се посочува наводниот криминал во новинарските редови. Наместо, новинарите да бидат бранители на јавниот збор и промовирање на демократските вредности, говорот на омраза стана буквално замена за професионалните новинарски вредности, кои би требало да бидат мото на новинарската професија каде единствена водилка би требало да биде-вистината.

Како што е познато, Македонија годинава се рангираше на 122 место според Извештајот за слободата на медиумите на „Фридом Хаус“ која го мери нивото на независност на медиумите во 197 држави и територии. На скалата, Македонија која имаше пад од две места од лани, го дели местото со Конго и Кенија. Од соседството, пред нас се Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Србија..Според рангирањата, Македонија во последниве 20 години немала полоши оценки. Македонија е последна од земјите во регионов и на листата на „Репортери без граници“ каде се наоѓа на 123-то место со пад од седум места споредено со лани.

Новинарите не го одбележуваат Денот на слободата на медиумите

Новинари, медиумски работници и претставници на невладини организации, денеска одржаа симболичен собир во 12 и 5 часот, испраќајќи порака дека на Денот на слободата на медиумите, Македонија нема што да одбележува. Владо Апостолов од ССНМ изјави дека говорот на омраза во Македонија не само што не поминува неказнето, туку и се стимулира, како и тоа дека политичките и економските центри на моќ ги диктираат уредувачките политики и дека постои нетранспарентност во сопственичката структура на медиумите.

Здружението на новинари на Македонија, вчера, обави соопштение во кои стои дека новинарите немаат причина за прославување затоа што слободата на изразување и независноста на медиумите се сериозно загрозени.

„ИНБОКС 7“ направи мини-анкета за да го провери пулсот на уредниците, какви се нивните размислувања за состојбите во македонското новинарство и до кога за земјава ќе се известува дека „новинарството е во слободен пад“ или дека „македонското новинарство го допре дното“. Има ли воопшто надеж за враќање на професионалните вредности? И дали Македонија

има причини да го прославува 3 Мај-Денот на слободата на медиумите?

Целиот текст може да го прочитате тука.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.