Новости
Govornaomraza.mk – мапирање и следење на говорот на омраза во јавните простори и медиумите

Хелсиншкиот Комитет денеска ја промовираше интернет страницата (http://www.govornaomraza.mk/ ). Цел на оваа платформа е граѓаните да станат активни чинители во борбата против говорот на омраза, кој е застапен во секоја сфера од општественото живеење.
Со пополнувањето на едноставниот формулар, преку Android и iOS апликациите како и преку Твитер и хаштагот #prijaviomraza, и вие можете да
дадете свој придонес во документирањето на говорот на омраза во јавноста и медиумите во земјава.
Страницата е дел од проектот „Интернет платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите“, кој Хелсиншкиот комитет го спроведува со поддршка од Националниот фонд за демократија (NED).