Новости

Хелсиншки комитет: 28 инциденти од омраза во последните 2 месеца

Политичката и етничката припадност биле главен повод за 28-те инциденти од омраза, кои ги регистрираше Хелсиншкиот комитет во текот на месеците април и мај годинава.

„Инцидентите сторени поради различната политичка припадност или уверување се случија за време на изборната кампања за Претседателските и Предвремените парламентарни избори и вклучуваат напади на превозни средства што превезуваат учесници на политички митинзи, напади на штабови на политички партии, инциденти помеѓу припадници

на активисти на политички партии и уништување на билборди и друг пропаганден материјал“, се наведува во двомесечниот извештај за состојбата со човековите права во земјата на Хелсиншкиот комитет.

Етничката припадност се посочува како мотив кај дури 15 од регистрираните инциденти. Според извештајот на Хелсиншки, овие инциденти се поврзани со насилните протести во населбата Ѓорче Петров, инцидентот во Радишани, како и тепачките и каменувањата на неколку автобуси и еден воз, но и 3 напади со нож во скопските населби Чаир, Аеродром и Железара.

Целосниот извештај може да го погледнете на веб-страницата на Хелсиншкиот комитет.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.