Новости

Советот на Европа со нов водич за човековите права на интернет корисниците

COE-Logo-Quadri

На 17ти април, Советот на Европа објави нов водич за човековите права на Интернет корисниците. Наменет е за земјите членки на Европската Унија кои имаат одговорност на сите граѓани кои се наоѓаат во нивна јурисдикција да им ги обезбедат човековите права и слободи, согласно Европската конценција за човекови права.

Македонија и останатите земји кандидати кои претендираат да и се приклучат на Европската Унија, треба исто така да го земат предвид овој водич.

Околу говорот на омраза, во водичот најмногу се упатува во секцијата насловена „Слобода на изразување и информации“.

Покрај загарантираното право на изразување на мислeње на Интернет, и пристапот до мислењето на другите, се напоменува дека рестрикции можат да важат за изрази кои поттикниваат дискриминација, омраза или пак насилство.

Исто така, во секцијата насловена „Ефективни олеснувања“, се вели дека доколку корисникот чувствува дека му се нарушени човековите права и фундаменталните слободи има право на помош и ефективно олеснување. Државата е должна да му обезбеди правни механизми со кои може да си ги бара своите права.

Корисниците се советуваат веднаш по настанувањето на проблемот веднаш да преземат правна акција како најдобар метод за негово разрешување.

Повеќе може да прочитате на страницата на Советот на Европа каде е објавен целосниот водич.

Автор:

Последни новости