Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/mimwebs/public_html/bezomrazno.mk/wp-content/themes/bezomrazno/header.php on line 43

Новости

Советот на Европа со „Движење против говорот на омраза“

Подигање на јавната свест за говорот на омраза на Интернет, промовирање на медиумска писменост, поддршка на младите луѓе во борбата за човекови права, развивање на Интернет алатки за конструктивен одговор на говорот на омраза, вмрежување на младите он-лајн активисти за човекови права. Ова се само дел од главните цели на кампањата „Младите луѓе за човековите права на Интернет“ и „Движењето против говорот на омраза“, покренати од Советот на Европа, како дел од проектот „Младите во борба против говорот на омраза на Интернет“.

Кампањата е насочена против изразите на говор на омраза на Интернет во сите негови форми, вклучувајќи ги и оние кои најмногу влијаат на младите луѓе, како што се формите на сајбер-малтретирање и сајбер-омраза. Во фокусот на кампањата се младите луѓе на возраст од 13 до 30 години, од аспект на зголемување на одговорноста при користењето на Интернет, утврдување на различните перцепции и форми на говорот на омраза, како и последиците од непочитувањето на човековите права во он-лјан комуникацијата. Кампањата се заснова на образованието за човекови права, медиумска писменост и унапредување на младинското учество.

Активностите од кампањата, во наредните 2 години ќе се спроведуваат во сите земји членки на Советот на Европа, преку формираните националните комитети. Агенцијата за млади и спорт е национален координатор за проведување на кампањата во Република Македонија, во соработка со невладините организации, министерствата за правда, за образование и наука, за труд и социјална политика, за информатичко општество, како и претставници од Агенцијата за електронски комуникации.

no.hate.speech2

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.