Новости

Повик за учество на третата „Школа против говор на омраза“

Младински работници, едукатори, студенти и активисти најдоцна до 10 септември може да се пријават за учество на третата „Школа против говор на омраза“, што ја организира Центарот за меѓукултурен дијалог во соработка со Мисијата на ОБСЕ и Француската амбасада.

Школата која ќе се реализира есенва е посветена на зајакнување на знаењата и вештините за справување со дискриминација, нетолеранција, говор на омраза и подемот на насилство преку едукација за човекови права. Во текот на школата особено внимание ќе се посвети на подигање на свеста за ефектите и последиците кои говорот на омраза ги предизвикува кај младите луѓе.

Сите заинтересирани учесници треба да бидат постари од 18 години и да поседуваат основни познавања за организирање на образовна активност. За учество на школата ќе бидат избрани 30 кандидати од кои ќе се бара да бидат активно вклучени во спроведување на предвидените активности. По завршување на школата учесниците ќе имаат можност да реализираат самостојни активности во своето место на живеење, а во контекст на справувањето со говорот на омраза.

Целосни информации за школата и за начинот на пријавување може да добите тука.

 

Автор:

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.