Новости

Кампања за подобрување на меѓукултурното разбирање

kampanja

Под мотото „Различноста е во мода“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) започна кампања за унапредување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини.

Кампањата ќе се спроведува во општините Тетово, Гостивар, Кичево, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште. Меѓу другото, во рамки на кампањата е планирано да се креираат т.н. зони за меѓукултурно разбирање во училиштата, кафулињата, јавните објекти и локалните институции.

Во секоја од општините ќе се организираат бројни културно-спортски активности преку кои ќе се промовира богатата културна традиција на овие простори и прифаќањето на разликите како предност и богатство на едно општество.

Реализацијата на кампањата е поддржана од Британската Амбасада во Скопје.

Последни новости