За Нас

„Безомразно“ е информативно – едукативна веб страница создадена од Македонскиот институт за медиуми со поддршка од Британската амбасада, чијашто главна цел е да ги информира граѓаните на Македонија за повеќе аспекти поврзани со говорот на омраза, и да го подигне нивото на знаење и разбирање помеѓу младите, јавните личности и медиумите за неговите ефекти во јавниот дискурс.

„Безомразно“ ќе промовира нови и позитивни вредности во јавната комуникација и ќе настојува да влијае на подигањето на свесноста и разбирањето меѓу граѓаните за последиците од употребата на говорот на омраза, преку различни информативни, креативни и иновативни содржини и алатки.

На оваа страница ќе можете да најдете информации и написи за сето она што се случува во нашето општество и во светот, а е поврзано со адресирање на овој проблем во јавната комуникација. Ќе ги следиме и промовираме сите активности на институциите, граѓанскиот сектор и други релевантни чинители кои работат во оваа област. „Безомразно“ ќе ви понуди лесен пристап до меѓународното и домашното законодавство поврзано со говорот на омраза, до релевантни истражувања и анализи, до меѓународни и домашни институции, организации и други формални и неформални структури на луѓе кои работат во оваа област.

Заедно со вас ќе ги посочуваме, анализираме и деконструираме, и отворените, како и прикриените облици на говорот на омраза во јавните настапи, при што ќе се задржиме на содржината и нема да посочуваме личности, бидејќи цел на „Безомразно“ не е да поттикне омраза кон оние што мразат, туку да придонесе кон создавање на свесност за пристојна јавна дебата, во која говорот на омрмза ќе се смета за непримерен и неприфатлив.

Борбата со говорот на омраза може да се води и без омраза, а со знаење, креативност, забава, дружење и хумор. Вашата доверба во нас и вашиот придонес кон содржините на „Безомразно“ можат да направат значајни чекори кон таа промена и кон постигнување на нашата заедничка цел – да ја ослободиме јавната комуникација од товарот на омразата.

 

Со почит,

Тимот  на „Безомразно“

Билјана Петковска – координатор на проектот
Петрит Сарачини – уредник
Јане Стефанов – технички уредник
Славчо Миленковски – соработник
Ивона Василова – соработник

Е-пошта: contact@bezomrazno.mk
Контакт телефон: 02 30 90 104
Адреса: Макдонски институт за медиуми (за „Безомразно“),  ул. Јуриј Гагарин бр.17-1/1, Скопје