Политика на користење

 Општи услови

Со пристапување на Bezomrazno.mk Вие се согласувате дека ќе ги почитувате правилата и условите за користење на веб-платформата, како и сите применливи домашни закони и регулативи. Ако не се согласувате со кој било од овие услови ќе Ви биде зарането понатамошното користење или пристапување на оваа веб-платформа. „Безомразно“ во секое време го задржува правото да ги промени правилата и условите за користење на платфорота, и истите да ги објави благовремено. Вашата постојана употреба на веб-платформата, по објавување на промените, претставува Ваше прифаќање на променетите правила и условови за користење на истата.

Пристапување на веб платформата

Пристапот до одредени делови на „Безомразно“ е ограничен само за регистрираните корисници. За да станете регистриран корисник мора да ја комплетирате процедурата за регистрација. Вие гарантирате дека сите информации што ќе ги внесете во рамки на постапката за регистрација се вистинити, точни и целосни. Треба да изберете свое корисничко име и лозинка, при што се согласувате дека администраторите може да не Ви одобрат пристап или да инсистираат да го промените корисничкото име, бидејќи истото веќе го корисии дууго лице, или, пак, ги прекршува одредбите од овој договор. Исто така, при регистрирањето на корисничката сметка мора да внесете валидна е-адреса, која исклучиво треба да биде ваша лична е-адреса, а не  е–адреса на друго лице или група.

За секое неовластено користење на Вашиот профил задолжително преку е-пошта известете ги администраторите на платформата.

Вие сте одговорни за секоја активност на веб платформата која произлегува од неуспехот да ја задржите доверливоста на податоците на Вашата сметка, и воедно Вие сте одговорни за какви било загуби кои произлегуваат од таквиот неуспех.

Не треба да употребувате корисничко име и лозинка од кое било друго лице за да пристапите на нашата веб платформа.
Регистрираните корисници ќе имаат пристап до дополнилните содржини на Bezomrazno.mk кои од време на време ќе можеме да ги надополнуваме според нашето сопствено согледување.

Стандарди за содржината

Стандардите за содржината важат за сите кориснички придонеси и интерактивни услуги. Корисничките придонеси во целост мора да ги почитуваат сите применливи, домашни и меѓународни закони и прописи. Покрај тоа, кориснички придонеси не смеат:
–    Да вклучуваат клевети, непристојна и навредлива содржина, повикување на насилство, малтретирање, ширење на омраза итн.
–    Да содржат материјали со сексуално експлицитни или порнографски содржини, насилство, како и дискриминација врз основа на раса, поа, религија, националност, хендикеп, сексуална ориентација или возрараст.
–    Да кршат какви било патенти, трговски марки, деловни тајни, авторски права или права на интелектуална сопственост на друго лице. Исто така, не смеат да ги повредуваат законски загарантираните права (вклучувајќи ги и правата на публицитет и приватност) на другите, или, пак да содржат какви било материјали кои може да доведе до некоја граѓанска или кривична одговорност согласно важечките закони, и кои може да бидат во конфликт со правилата и условите за користење на платформата, како и со политиката на приватност.
–    Да измамат кое било друго лице.
–    Да поомовираат некоја нелегална активност, или да помагаат одредено незаконско дело.
–    Да ја користат платформата за претставување на друго лице или за лажно претставување на сопствениот идентитет или припадност со која било личност или организација.
–    Да вклучуваат одредени комерцијални активности или продажба, како што се натпревари, лотарии и други продажни промоции или рекламирање.

Забранети употреби

Веб-платформата може да ја користите само за легални цели и во согласност со правилата и условите за користење.

Вие се согласувате дека нема да го користите Bezomrazno.mk за:
–     На кој било начин да ги кршите применливите домашни и меѓуународни закони.
–     Испраќање, свесно примање, преземање, користење или повторна употреба на каков било материјал, кој не е во согласност со стандардите за содржина утврдени во правилата и условите за користење на платформата.
–    Пренесување или испраќање на рекламни и промотивни материјали, вклучувајќи „несакана пошта”, „синџир-писма”, „спамови” или други слични покани.
–    Претставување во име на „Безомразно“, вработен во „Безомразно“, некој корисник на платформата и други лица (вклучувајќи неограничено користеење на e-адреси или имиња поврзани со некоја од горенаведените категории на лица и субјекти), или, пак за регистрирање со цел да се користи платформата во име на некоја група или субјект.
–    Прибирање е-адреси или други контакт информации од корисниците на веб-платформата, преку електронски пат и за каква било намена.
–    Какви било комерцијални цели.
Дополнително, се согласувате дека нема:
–    Да ја користите веб платформата на начин кој може да ја исклучи, оптовари, наштети, како и да ја наруши платформата.
–    Да користите каков било робот, или, пак, автоматски уред, процес или друг начин за да пристапите на интернет платформата на одредена цел, вклучувајќи следење, или копирање на материјали од веб-платформата.
–    Да внесувате вируси, тројански коњи, црви, логички бомби или други злонамерни и штетни материјали.
–    Да се обидувате неовластено да пристапите, мешате, оштетувате или нарушувате делови на веб-платформата, серверот на кој е прикачена веб-платформата, или на кој било друг сервер, компјутер или база на податоци поврзани со веб-платформата.
–    На каков било друг начин да се обидувате да се мешате во правилното работење на веб -платформата.

Линкови

„Безомразно“ не ги разгледува сите веб страници кои се линкувани на платформата, и не е одговорен за содржината на одредена веб страна линкувани на оваа веб платформа. Вклучувањето на каков било линк не имплицира одобрување од страна на „Безомразно“. Употребата на одредена линкувана веб страница е на сопствен ризик на корисникот.

Услови за објавување на коментари

–    Дебатата треба да биде жива, но, исто така конструктивна со меѓусебно почитување.
–    Коментарите не смеат да поттикнуваат омраза врз основа на раса, религија, пол, националност, сексуална определба или други лични или групни карактеристики.
–    Да не се употребуваат клевети, навреди, или пак непристојни или вулгарни коментари.
–    Не се вклучувајте во „спамирање”. Не рекламирајте производи или услуги.
–    Заштитете ја Вашата приватност  и  приватноста на другите корисници. Ве молиме не објавувајте приватни адреси, телефонски броеви, е-адреси или други онлајн детали за контакт.
–    Останете фокусирани на темата. Ве молиме не пишувајте пораки кои не се поврзани со темата.

Споделување на податоци и законски барања

Ние можеме да им пристапуваме, да ги заштитуваме и споделуваме Вашите информации како одговор на законско барање (како на пример, налог за претрес или судски налог), доколку имаме уверување и доволен доказ дека законот бара од нас да го сториме тоа. Исто така, ние може да пристапуваме кон зачувување и споделување на информациите во одредени ситуации каде што е неопходно откривање, превенција и разрешување на измама или други нелегални активности. Со цел да се заштитиме себеси, Вас и другите инволвирани страни.

Политика на приватност

Вашата приватност е многу важна за нас. Соодветно на тоа, ја креиравме оваа Политика за да може да разберете како ние ги собираме, употребуваме, комуницираме, откриваме, и како ги користиме личните податоци.

Следниве принципи ја нагласуваат нашата политика на приватност:
–    Пред или за време на прибирање на личните податоци, ние ќе ги идентификуваме целите за кои информациите се прибираат.
–    Ние ќе ги прибираме и користиме личните податоци исклучиво за исполнување на целите утврдени од наша страна, како и за други соодветни намени, освен доколку не добиеме согласност од засегнатото лице или како што е предвидено со закон.
–    Ние ќе ги задржиме личните податоци само онолку колку што е потребно за исполнување на тие цели.
–    Ние ќе ги прибираме личните информации преку законска и фер постапка, а во случаи каде што е потребно, и со знаење или согласност на поединецот.
–    Личните податоци треба да бидат релевантни за целите за кои се користат, и треба да бидат точни, целосни и ажурирани до онаа мера што е потребено за постигнување овие цели.
–    Ние ќе ги заштитиме личните информации со прифатливи безбедносни мерки за заштита од губење или кражба, како и неовластен пристап, откривање, копирање, користење или модификација.
–    Ние ќе ги направиме достапни за корисничките информациите за нашите политики и практики поврзани со управувањето на лични информации.
Ние сме посветени на спроведувањето на нашите цели во согласност со овие принципи, со цел да се осигуриме дека доверливоста на Вашите лични податоци е заштитена и се одржува.

„Колачиња“

За подобрување на општата сигурност на платформата „Безомразно“, ние користиме „колачиња”. Колачињата се текстуални фајлови кои се складирани на Вашиот компјутер, и кои се користат за подобрување на општото искуство на корисникот на платформата. Податоците кои се собираат со примена на колачињата не содржат лични податоци поврзани со Вас.

Ние кориистиме „колачиња“ со цел да се следи и анализира употребата на нашата платформа и услугите на неа. На овој начин, ние ќе бидеме во можност да ја направиме платформта полесна и побрза за користење, како и да го подобриме квалитетот на услугите.