Пријави говор на омраза
Си забележал/а говор на омраза во нечиј јевен настап? Си слушнал/а или видел/а нешто во медиумите, и сметаш дека тоа е говор на омраза? Сметаш дека нечиј говор или изјава поттикнува омраза меѓу граѓаните? Сакаш да ги информираш граѓаните и јавноста за некој конкретен пример на говор на омраза?
Испрати ни линк, скриншот, фотографија или било кој друг од сите формати на содржини (doc/pdf/docx/txt/jpg/gif/jpeg/png, најмногу до 20 МБ), кој ја содржи или посочува проблематичната содржина. Формуларот преку кој можеш да ја пријавиш проблематичната содржина ќе го видиш веднаш под овој текст. Тој е едноставен и лесен за користење, и воопшто не одзема време.
Вашите примери ќе ги користиме за создавање на Речничот на омразата кој е поставен во рубриката „Препознај говор на омраза“, и кој треба да им помогне на граѓаните да разберат поподробно што може, а што не може да се смета за говор на омраза.
Заедно со вас ќе ги посочуваме, анализираме и деконструираме и отворените, но и прикриените облици на говорот на омраза во јавните настапи, при што ќе се задржиме на содржината и нема да посочуваме личности, бидејќи цел на „Безомразно“ не е да поттикне омраза кон оние што мразат, туку да придонесе кон создавање на свесност за пристојна јавна дебата, во која говорот на омраза ќе се смета за непримерен и неприфатлив.
[contact-form-7 404 "Not Found"]