Новости

Во Белград заедничко гледање на натпреварите на БИХ и Хрватска

cro.bih

За време на претстојното Светско фудбалско првенство, под слоганот „Навивај за комшиите!“, Младинската иницијатива за човекови права  (YIHR) во Белград организира заедничко гледање на натпреварите на репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина.

Во изминатите децении поимот навивач се претвори во синоним за хулиганство и насилство, а на трибините не се навива за, туку против некого. Токму затоа, иницијаторите на заедничкото гледање на соседските репрезентации имаат цел да поттикнат и промовираат здраво навивање, спортски дух и добрососедски односи.

Светското првенство започнува утре, а на воведниот натпревар Хрватска ќе ги одмери силите со домаќинот и петкратен шампион Бразил.

Последни новости