Новости

Видео од средношколскиот фестивал на изведувачки уметности

Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики „Be creative – be interactive – be interethnic“ е резултат на циклусот креативни работилници кои се организираа како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Низ уметност и со користење на социјалните медиуми и новите технологии, голем број средношколци од целата земја, на креативни начини придонесоа кон зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и почитување на човековите права меѓу младите луѓе.

Погледнете како игледаше целодневното дружење и забава на стотина средношколци од различни краеви на Македонија. Фестивалот се одржа кон крајот на септември во Младинскиот културен центар во Скопје.

 

Последни новости