Новости

Утре на улица Македонија со „Ѕид на срамот“ против говорот на омраза

zid-na-sramot

Хелсиншкиот комитет за човекови права, утре во 11 часот, на улица Македонија ќе промовира „Ѕид на срамот“, на кој ќе бидат изложени јавни ликови кои практикувале говор на омраза во јавноста, како и ширењето на говор на омраза по медиумите.

На настанот ќе биде промовирана „Анализата на состојбите, заштитата и можностите за превенција на говор на омраза во Република Македонија“ подготвена од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Кратки излагања на настанот ќе имаат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Кочо Андоновски, директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Елена Брмбеска, проектна координаторка во Хелсиншкиот комитет.

Последни новости