Новости

Скопјани танцуваа против насилството врз жените

v.day3

Денеска, точно во „5 до 12“ граѓанските организации го одбележаа „V-day“ како дел од глобалната кампања „Една милијарда на нозе“ за борба против насилството врз жените.

Повеќемина граѓани со танцување ја покажаа својата солидарност, заедничка моќ и сила да му се спротивстават на насилството врз жените.

Целта на манифестацијата е подигнување на јавната свест за проблемот на насилство врз жените и девојките. Кампањата која започна минатата година е одговор на запрепастувачките податоци со кои излезе Организацијата на Обединетите Нации – дека една од три жени во светот се претепани или силувани во текот на нивниот живот, што претставува бројка од околу една милијарда жени и девојки.

Повеќе за денешната атмосферата од плоштадот „Македонија“ може да погледнете на: aktiv.mk

Последни новости