Новости

“Respect Zone“ – нова алатка за справување со Интернет малтретирањето

logo-respectzone

Сексизам, хомофобија, антисемитизам, исламофобијата, напади и навреди кон лицата со посебни потреби. Интернетот и социјалните мрежи, се’ повеќе се преплавени со насилство и омраза, а тоа беше доволен мотив за “Иницијативата за превенцијата на омраза“  (Hate Prevention Initiative) да развие нова алатка за борба против Интернет малтретирањето  – “Respect Zone“.

Се работи за онлајн етикета (ознака) чија цел е да ги поттикнува и охрабрува корисниците да се воздржуваат од говор на омраза на Интернет, да ја гарантираат слободата на изразување и да ги заштитуваат припадниците на различните ранливи групи.

Преку поставување на етикетата “Respect Zone“ на веб-страниците и на профилите на социјалните мрежи граѓаните јавно го демонстрираат својот ангажман во справувањето со Интернет малтретирањето.

Користењето на етикетата подразбира почитување на основните принципи на “Respect Zone“ да не се поддржуваат и објавуваат содржини кои поттикнуваат дискриминација, омраза и насилство.

Повеќе информации за начинот на користење на етикетата може да погледнете на веб-страницата: http://www.respectzone.org/en/

Последни новости