Новости

Младите од регионот со песна против говорот на омраза

hate-speech

„Stop Hate Speech“ е официјалната песна на програмата за едуцирање на младите во борбата против говорот на омраза -„Hate Fighters“. Програмата е дел од иницијативата на повеќе младински организации од регионот, кои со поддршка на Советот на Европа имаат цел да им помогнат на своите врсници полесно да го препознаат и да се справуваат со  говорот на омраза.

Песната беше продуцирана за време на меѓународниот младински семинар за борба против говорот на омраза на Интернет – „Порака“, што се одржа во Ниш кон крајот на мај. На семинарот учествуваа млади од 8 држави, кои учеа како преку улична култура да придонесат во борбата против дискриминацијата, расизмот и говорот на омраза на Интернет.

Последни новости