Новости

Караванот на „Безомразно“ го промовираше конкурсот за групни јавни перформанси

slika1

Како да се пополни формулар за пријавување, како да се подготви предлог буџет и како да се сними демонстративно видео за да се аплицира на конкурсотСо креативност и младински активизам против говорот на омраза“. Ова беа главните теми на интерактивните промоции што ги организираше тимот на веб-страницата „Безомразно.мк“ и Македонскиот институт за медиуми, во Штип, Струмица, Охрид, Битола, Тетово и Скопје.

Целта на промоциите е да се информираат и охрабрат младите средношколци, студенти, активисти, претставници на граѓанските организации да учествуваат на отворениот конкурс за предлог идеи за организирање групни јавни перформанси – flash mobs кои илустрираат позитивни пораки против говорот на омраза.

slika4

 

Петар Младеновски, член на популарниот бенд „Суперхикс“ беше специјален гостин на промотивните настани. Во улога на промотор и поддржувач на конкурсот, Пеце-Суперхикс на младите им отпеа по неколку безомразни стихови инспирирани од оваа безомразна турнеја, и ги повика да ја искористат својата креативност за справување со негативните појави во општеството.

slika2

Присутните млади луѓе споделија дел од своите идеи за групни јавни перформанси и ги прашуваа луѓето од тимот на „Безомразно.мк“ за сите нејаснотии поврзани со начинот на пријавување и подготовка на демонстративното видео.

slika3

КонкурсотСо креативност и младински активизам против говорот на омраза“ е отворен до 20 ноември, за сите формални и неформални граѓански организации и движења, активисти – поединци, како и за сите граѓани на Македонија на возраст до 30 години. Најдобрите три апликации на конкурсот ќе добијат по 100.000 денари за реализација на перформансот.

Последни новости