Новости

Институциите молчат за „омразата“, граѓаните оставени сами на себе

hate.s

Досегашни случаи покажале дека кога станува збор за говор на омраза, посебно искажан од луѓе блиски до власта, институциите не преземаат никакви мерки. До меѓународните институции на правдата тешко се доаѓа и тоа чини пари, но тие станаа единствениот излез за граѓаните, велат познавачите.

Граѓаните немаат доверба во надлежните институции дека тие ќе постапат по нивните жалби за говор на омраза, велат експертите. Хелсиншкиот комитет за човекови права минатата година нотирал 116 инциденти сторени од омраза, а во оваа година 55.

Професор Мирјана Најчевска вели дека со сите досегашни случаи институциите покажале дека никогаш кога станува збор за говор на омраза, посебно искажан од луѓе блиски до власта тие не преземаат никакви мерки.

„Луѓето знаат дека Јавниот обвинител нема да реагира, знаат дека ќе ги упати на приватна тужба, знаат дека приватната тужба дефинитивно ќе биде одбиена и дека само ќе бидат изложени на непотребни трошоци и заради тоа единствен излез гледаат во идентификување на овие случаи и јавување до меѓународните органи.“

Џабир Дерала од невладината Цивил вели дека во земјава говорот на омраза и инцидентите поврзани со него се мотивирани токму од институциите на системот. Според него, до меѓународните институции на правдата тешко се доаѓа и тоа чини пари, но тие станаа единствениот излез за граѓаните.

„Тие се за жал во последните години единствениот излез, единствената утеха или охрабрување за граѓаните и граѓанките, кои се жртви на дела сторени од омраза или на говор на омраза“, вели Дерала.

Целиот текст може да го прочитате на веб-страницата на „Радио Слободна Европа
Автор: Марија Митевска

Последни новости