Новости

Хуманитарна театарска претстава „Апел за…“

apel.za2

Организацијата „People to People International Skopje Community Chapter“ во соработка со поранешни и сегашни членови на драмскиот креативен центар „С’клет“ од скопското средно училиште „Георги Димитров“, оваа сабота ја организираат хуманитарната претстава „Апел за…“. Претставата ќе биде изведена во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 15 часот, а цената на билетите изнесува 100 денари.

Средствата од продажбата на билетите се наменети за социјално загрозените семејства кои го посетуваат Советодавниот центар за родители и деца – Гази Баба, во рамки на „СОС Детското Село“.

Претставата е посветена на надминување на стереотипите, предрасудите и омразата меѓу младите. „Заедно со група од околу 40 млади средношколци и студенти подготвивме претстава која има цел да се бори против говорот на омраза, во сите негови форми. Покрај тоа, се обидуваме и да им помогнеме на оние на коишто им е потребна помош. Преку претставата настојуваме да ги срушиме стереотипите дека младите се тие што мразат. Овој пат младите се тие што ќе укажат на тоа дека не треба да се мрази“,  вели Ангел Димитриевски, претседател на претставништвото на  „People to People International“ во Македонија.

На претставата се добредојдени сите граѓани кои сакаат да ги чујат животните приказни што болат, за младите луѓе и нивните секојдневни проблеми, а притоа и да донираат средства за социјално загрозените семејства.

poster

Последни новости