Новости

Татко и организирал напад со љубов на својата ќерка

taylor

Пред две недели направивме поголем преглед на сајбер-малтретирањето во Македонија. Сајбер-малтретирањето е глобален проблем, со кој многу луѓе се соочуваат секој ден.

Петнаесетгодишната Тејлор почнала да добива злонамерни анонимни пораки на Твитер, и тоа сериозно влијаело на нејзиното расположение и самодоверба. За среќа, татко и имал план како да помогне!
Следниот ден, испратил порака до неколку од своите колеги и пријатели, велејќи им да и испратат позитивна порака за поддршка на неговата ќерка, без разлика дали ја познаваат или не, затоа што тоа многу и е потребно. Ако тоа било изутрината, до следниот ден, Тејлор добила преку 100 пораки кои биле полни охрабрување и љубов.

Со целата поддршка, се чувствувала многу подобро, и како што вели, тоа чувство ги неутрализирало сите негативни напади.

Ова е доказ дека со малку љубов, може да се стигне многу далеку.

Линк до целосната сторија објавена на KSL.com

Последни новости