Новости

Водич за пријавување на говор на омраза и неправилности на YouTube

Автор: Борис Кузманов, it.com.mk

Како и кај Facebook, а малку потешко на Twitter, и на YouTube одговорноста за говорот на омраза првин лежи кај корисникот кој го прикачил видеото. Тој ја има моќта да забрани коментари доколку дискусијата навистина излезе надвор од рамките на темата на видеото. Но, понекогаш се среќаваме со содржина на YouTube која има за цел

да предизвика говор на омраза.

Во секој случај доколку наидете на такви коментари, пријавете ги преку алатката за пријавување, додека видеата може да се пријавуваат преку знаменцето кое се наоѓа веднаш под видео плеерот. Откако ќе кликнете на него, ќе ви се појави листа на причини поради кои го пријавувате видеото и со еден клик можете да ја испратите пријавата. Откако ќе го пријавите видеото, од YouTube ќе го разгледаат вашето барање и ќе ја донесат својата одлука. Исто така, преку алатката за пријавување можете да пријавувате и канали.

Целиот текст можете да го прочитате на веб-страницата IT.com.mk

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.