Новости

„Турлитава 2 – Заедно е послатко“

По повод 22 јули – предложен за Европски ден на жртвите од криминал од омраза, вечерва од 20 часот во градскиот парк ќе се одржи „Турлитава 2 – Заедно е послатко“, настан посветен на соживотот и толеранцијата, но и на традиционалните специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија.

Идејата на настанот е преку дружење и дегустација на специјалитетите на различните етнички групи во земјата, да се придонесе во надминување на меѓусебното непознавање, како една од најчестите причини за конфликтни ситуации кои предизвикуваат дела од омраза.

Во рамки на настанот ќе бидат прикажани филмовите „Ќор-сокак“ на Брам Шоу и „Опасни игри“ на Марина Абрамовиќ.

„Турлитава 2“ ја организира Хелсиншкиот комитет со поддршка на граѓанските организации „Цивил“ и ,,Амбрела‘‘.

 

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.