Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/mimwebs/public_html/bezomrazno.mk/wp-content/themes/bezomrazno/header.php on line 43

Новости

РСЕ: Што подлабока криза, тоа повеќе говор на омраза

Автор: Марија Тумановска

Нема комуникациска култура кај политичарите, нема дебата во медиумскиот простор, оттаму наместо со аргументи, луѓето се користат со навреди, говор на омраза, етикетирање.

Зголемената употреба на говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи оди паралелно со развојот на политичката криза и истиот може да предизвика штетни последици, предупредуваат упатените во оваа област. Оваа појава е предизвикана од два клучни фактори објаснува комуникологот Марко Трошановски.

„Оваа појава се должи на две работи. Од една страна на отсуството на комуникациска култура кај политичарите, а од друга поради отсуството на политичка дебата во медиумскиот простор. Овие два фактора придонесуваат кон тоа јавноста да не се еманципира во духот на аргументација на своите ставови, туку многу полесно се наклонува кон дисквалификација, етикетирање, говор на омраза и слични реторички средства кои не бараат аргументација туку полесно се справуваат со политичкиот неистомисленик“, вели Трошановски.

Факт е дека говорот на омраза е сè повеќе присутен во медиумите и на интернет порталите, укажува Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби во Советот на етика во медиумите. Додава дека тој многу тешко се контролира, особено на интернетот, каде што е и најприсутен.

„Инаку најдобрата контрола би била кога Јавното обвинителство ќе си ги преземе во свои раце ингеренциите што му ги дава законот и при утврдениот говор на омраза да покрене постапка против оној којшто ја искажува. Има предвидени законски казни. Обвинителите треба да седнат и неселективно да почнат да си го работат она за што се платени“, вели Адамчевски.

Многу често се злоупотребува слободата на изразување и се толкува во смисла дека секој може да каже што сака, но граница има, посочува Трошановски. И таа е до онаа мера до која не ширите говор на омраза, не го рушите уставниот поредок, не етикетирате и дисквалификувате соговорници.

Целиот текст може да го прочитате на веб-страницата на Радио Слободна Европа

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.