Новости

Слободата на изразување и говорот на омраза гледани преку ЕСЧП

Европскиот Суд за човекови права , во изминатите повеќе од пет децении, изгради судска пракса која е втемелена на демократските вредности и на концептот за Европското право. Судот поаѓа од обврската на државите членки на секој поединец во рамките на нивната надлежност да му ги обезбедат минималните стандарди во однос на заштитата на слободите и правата на човекот утврдени со Европската конвенцијата за правата на човекот.

По повеќе од пет децении, праксата на Судот се темели на над 10 000 пресуди и стотици илјади одлуки. Од ова европско правно богатство, одлуките и пресудите поврзани со говорот на омразата (иако можеби не се меѓу најбројните), имаат голема важност ако се има предвид дека тие се поврзани со правото на слобода на изразување, со слободата на вероисповест, со недискриминацијата и со бројни други права и слободи утврдени со Конвенцијата. Пристапот кон прашањето на говорот на омраза во праксата на Судот во Стразбур ја отсликува оддаденоста на овој Суд кон градење стандарди и принципи кои почиваат на заштитата на еднаквоста и достоинството на сите граѓани преку примена на

тестот на балансирање меѓу приватниот и јавниот интерес. Бидејќи говорот подразбира форма на изразување која може да биде изречена, исцртана, насликана, фотографирана, отпечатена, уметнички изразена низ поезија, проза, научен труд, насликана на платно, карикатура, стрип итн., за да се разбере судската пракса во врска со говорот на омразата, неопходно е најпрво да се објасни пристапот на Судот во врска со правото на слободата на изразувањето.

Целата статија може да ја прочитате на веб-страницата на Правдико

Автор:

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.