Новости

Повик за пишување на Интернет содржини по повод „Европскиот ден на безбеден Интернет“

sid2015

Движењето против говорот на омраза“ на Советот на Европа, по повод „Европскиот ден на безбеден Интернет“, ги повикува националните координатори на кампањата, како и сите заинтересирани партнери и активисти да подготват кратки текстови за различните аспекти на безбедното користење на Интернет.

Текстовите треба да бидат фокусирани на следните клучни прашања:

1. Дали нашиот идентитет е безбеден на Интернет? Како незаштитените информации може да бидат злоупотребени за говор на омраза?

2. Можеме ли да се заштитиме себеси од онлајн малтретирање? Како малтретирањето може да вклучи говор на омраза и како треба да реагираме за да се заштитиме?

3. Дали знаеме со што сè се согласуваме на Интернет? Како правилата и условите за користење на Интернет страниците се справуваат со говорот на омраза?

4. Дали имаме минато на Интернет? Како нашата онлајн историја може да се злоупотребува во говорот на омраза и како подобро да бидеме подготвени на такво нешто.

5. Дали сме безбедни против говорот на омраза? Што можеме да направиме за да го спречиме или да реагираме на говорот на омраза на безбеден начин?

Целта на оваа активност е да се подигне свеста за одговорноста на Интернет корисниците и можноста тие активно да се вклучат и да придонесат за побезбеден Интернет простор. Но, исто така, да се укаже за ризикот од говор на омраза, онлајн и офлајн, како и да се промовираат едукативните алатки што ги развива младинскиот оддел при Советот на Европа.

Сите заинтересирани своите текстови (лични стории, резултати од истражувања, мислења, идеи, локални искуства итн.), заедно со придружна фотографија треба да ги испратат најдоцна до 10

февруари, на е-пошта: bezomrazamk@gmail.com

Приложените текстови ќе бидат објавени на официјалниот блог на „Движењето против говорот на омраза“ и ќе бидат промовирани преку социјалните мрежи.

Последни новости