Новости

Медиуми или провокатори?!

Автор: Кристина Озимец

Време е новинарите и медиумите да ја сфатат огромната одговорност и влијание кое го има пишаниот збор, и да решат дали нивните вести, стории и истражувања сакаат да донесат насилство, немир и говор на омраза, или пак да придонесат за унапредување на човековите права и подобар живот за сите граѓани кои живеат во Македонија.

Дискриминацијата и говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, за жал во последно време станаа секојдневно присутни во медиумите. Сензационалистички вести кои во голем број случаи немаат никаква врска со реалноста и вистината, може да се прочитаат се почесто како во дел од весниците, така и на интернет.

Затоа пак темите и сториите кои се занимаваат со истражување на проблемите на ЛГБТИ заедницата во Македонија, скоро и да ги нема. Новинарите се поретко се нафаќаат да прават посериозни истражувања на овие теми, и често пати обесхрабрени од уредниците или пак средината во редакцијата, која не оддава простор и интерес за овие прашања, се откажуваат од нивно обработување.

Потсмев и потценувачки однос кон новинарите кои ќе предложат сторија од оваа област е исто така присутен во некои редакции. Веќе пет години во повеќе медиуми, пишувам текстови од областа на човековите права, вклучувајќи ги и маргинализираните заедници и морам да признаам дека во повеќе наврати одредени колеги знаеле да го омаловажат мојот труд кога се работи за овие теми.

Целиот текст можете да го прочитате на

веб-страницата Призма.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.