Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home/mimwebs/public_html/bezomrazno.mk/wp-content/themes/bezomrazno/header.php on line 43

Новости

Избришан графит кој шири говор на омраза во дворот на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Родител на дете што учи во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје реагирал кај надлежните во училиштето затоа што видел графит со говор на омраза на еден од влезовите во дворот, кај спортската сала.

По укажувањето на родителот дека не е во ред децата секојдневно да гледаат порака со говор на омраза, училиштето реагирало и по неколку дена пораката била избришана.

– Ми падна многу тешко кога видов дека и училишниот двор е загаден со обид да се шири говор на омраза. Особено затоа што токму тука децата учат да читаат – зар една од првите работи што ќе им бидат пред очи кога доаѓаат на училиште, е повик за убивање на нивните другарчиња – вели родителот.

Извор: Новинска агенција „МЕТА“.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.