Новости

„Дојче Веле“ на српски јазик: Говорот на омраза на Интернет

Србија повеќе не е место во кое политичките претставници поттикнуваат и подржуваат говор на омраза, но сепак овој вид на негативен дискурс не исчезна од јавниот живот. Српскиот парламент и понатаму е место каде што повремено може да се слушне говор на омраза, но, исто така овој облик на јавно обраќање не исчезна целосно ниту од традиционалните медиуми во земјата. Повикувањето на насилство, етничката омраза, ксенофобијата, заканите врз националните и сексуалните малцинства, се повеќе наоѓаат место на Интернетот, поточно на различните форуми, социјални мрежи и на Интернет медиумите.

Шупливи законски решенија

Законските регулативи кои би требало да се занимаваат со говорот на омраза на Интернет не се целосни, смета Милан Антонијевиќ, директор на Комитетот на правници за човекови права (YUCOM). Постојат одредби од Законот за јавно информирање и од Законот за забрана на дискриминацијата, кои се однесуваат на говорот на омраза, но и покрај тоа кај нас останува не е регулирано прашањето дали Интернетот е медиум, изјави Антонијевиќ:

Она што преставува вистинска потешкотија се коментарите кои може да се сретнат на сајтовите, и кои во најголема мера содржат говор на омраза и повикување на насилство. Според постоечката законска регулатива, навистина тешко може да се реагира на овие појави, но исто така тешко може да се повикаат на одговорност уредниците кои таквите коментари не ги бришат од своите сајтови.

Интернетот трпи сè

Најдрастични примери на говор на омраза на Интернет се оние во кои се повикува на директно насилство и пресметка со поединците, а честопати се забележува и објавување на адреси од активистите за човекови права – предупредува Антонијевиќ:

Тоа се директни повици за насилство, директни повици за линч, и тие заслужуваат целосно внимание од полицијата и обвинителството. Се надеваме дека целосното процесуирање на овие случаи ќе биде јасна порака од државата дека ќе ги спречува и нема да ги толерира таквите појави. Луѓето мора да бидат свесни дека се што поставуваат на Интернет може да биде предмет на некаква постапна од надлежните институции, и тоа особено доколку целата оваа област се уреди и регулира на адекватен начин.

Преселба на омразата на Интернет

Милан Антонијевиќ смета дека се она што може да се прочита во коментарите кои содржат говор на омраза не е мислење на тивкото мнозинство во Србија, туку тоа е пред сè став на страсни поединци. Слично мислење дели и Драган Поповиќ, социјален психолог. Тој смета дека говорот омраза само се преселил онаму каде што помалку се казнива т.е. на Интернет, а додека ефектите се дополнително засилени.

Не мислам дека говорот на омраза го шират голем број луѓе. Меѓутоа, тука постои опасност другите луѓе да го прифатат говорот на омраза како нормална и вообичаена пракса. По принципот – ’зошто да не’,  луѓето кои во секојдневната комуникација се воздржуваат од пцуење, навредување и сл., по се изгледа во Интернет комуникацијата гледаат место каде што сето тоа е дозволено.

Медиумите го охрабруваат говорот на омраза?

Драган Поповиќ вели дека е тешко да се направи прецизен психолошки портрет на луѓето кои шират говор на омраза на Интернет:

Она што ги карактеризира таквите луѓе е изразито негативниот став  и однос на омраза спрема она за што говорат. Истовремено, тие практикуваат однос на крајна нетолерација, некултура спрема другите, особено спрема не истомислениците.“

Не може да се рече дека сите медиуми пропуштаат говор на омраза во своите коментари, додава Антонијевиќ. Постојат медиуми кои ги модерираат и ги бришат коментарите што содржат говор на омраза, но и покрај тоа постојат бројни медиуми кои тоа не го прават, смета Антонијевиќ

Автор: Ивица Петровиќ
Преведен текст од Интернет изданието на „Дојче Веле“ на српски јазик.

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.