Видео

Безомразен пакет: Сите јавни перформанси против говорот на омраза на едно место

„Експлозија на љубов“ на улица Македонија
„Сите сме исти. Ние сме луѓе, сакаме и бараме да бидеме сакани. Затоа, да шириме љубов, а не омраза“ порачаа учениците од скопската гимназија „Орце Николов“, кои на улица Македонија го одиграа перформансот „Експлозија на љубов“. Од овој настан – и нов безомразен хит. Погледнете ја и слушнете ја нивната порака…

Охридските средношколци го одиграа „Рибиниот танц против говорот на омразата“
Топлиот февруарски ден и преполниот плоштад беа вистински предизвик за учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид, да го одиграат „Рибиниот танц против говорот на омразата“, и да испратат порака за заедништво и почитување на различностите. Погледнете како изгледаше нивниот перформанс…

„Хајд парк“ – прво видео од серијата перформанси против говорот на омраза
На градскиот плоштад во Прилеп, ученици и наставници од средното училиште „Орде Чопела“, го организираа јавниот перформанс „Хајд парк“.Креативноста и оригиналноста на перформансот на прилепскиот плоштад, причина за забава и насмевки кај младите, како и за љубопитност кај граѓаните, кои застануваа да видат и да прашаат што се случува. Погледнете зошто…

Младите битолчани порачуваат: Подари му љубов на светот, доста му е од омраза!
Членови на Младинскиот актив од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, преку групен јавен перформанс на Широк сокак, со љубов им се спротивставија на навредите и предрасудите. Овие млади луѓе низ игра и глума покажаа како може да се прекине ланецот на омраза, и како секој заслужува шанса да премине на страната на безомразните. Погледнете како изгледаше перформансот на битолските средношколци…

“Заедно против говорот на омраза” училишен перформанс во Куманово
Најмладите треба да растат без омраза, преку вклучување во најразлични активности низ кои ќе ги осознаваат негативните ефекти од говорот на омраза, ќе учат едни за други, ќе соработуваат и ќе се почитуваат. Ова се главните пораки на училишниот перформанс “Заедно против говорот на омраза” што го организираше Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово, во основното училиште „11 Октомври”. Погледнете каква беше атмосферата на големиот одмор во ова кумановско училиште…

„Пресвртница” од омраза кон љубов во Тетово
Група волонтери од Центарот за балканска соработка “ЛОЈА” од Тетово, во близина на градскиот плоштад, го одиграа перформансот „Пресвртница“, со цел да ја подигнат свеста на граѓаните за ефектите од говорот на омраза, но, и да ги поттикнат да размислуваат за позитивните страни од заедничкото живеење. Погледнете како изгледаше целиот перформанс…

Младите струмичани се обединија под мотото „Избери среќа наместо омраза!
Околу 200 ученици од основните и средните училишта од Струмица го одиграа перформансот „Избери среќа наместо омраза!“, во организација на Младинскиот совет и здружението „НОВУС“. Заеднички испратија порака за меѓусебно разбира и почитување, и за подигање на свеста против говорот на омраза… Погледнете како изгледаше 5 минутната безомразна блокада на главната раскрсница во Струмица…

Последни новости

Промотивни писма

Почитувани, доколку сакате да бидете во тек со соджини поврзани од овој тип, имате можност да ја оставите вашата e-пошта.